Во ХЕЦ „Шпилје“ произведени над 100 милиони киловат-часови

Bez autora
Jun 07 2012

Дождовите и топењето на снегот во планините ја наполнија акумулацијата Дебарско Езеро. До максималната кота, која изнесува 580 метри, останува помалку од еден метар. Kако резултат на значително подобрената хидролошка состојба, особено во последните два месеца, во ХЕЦ „Шпилје“ која работи според потребите на системот, во просек, дневно се произведуваат по еден милион киловат-часови електрична енергија. Во изминатиот период од годинава произведени се над 100 милиони киловат-часови што претставуваат остварување на годишниот план за 43 отсто. Средниот дотек на вода во акумулацијата е 80 кубни метри во секунда, а моментно има резерва на вода за производство на 37 милиони киловат-часови. Минатата година во овој значаен електроенергетски објект произведени беа 257 милиони киловат-часови и планот е остварен со 90 отсто.

Во ХЕЦ „Шпилје“ произведени над 100 милиони киловат-часовиДождовите и топењето на снегот во планините ја наполнија акумулацијата Дебарско Езеро.

До максималната кота, која изнесува 580 метри, останува помалку од еден метар. Kако резултат на значително подобрената хидролошка состојба, особено во последните два месеца, во ХЕЦ „Шпилје“ која работи според потребите на системот, во просек, дневно се произведуваат по еден милион киловат-часови електрична енергија.

Во изминатиот период од годинава произведени се над 100 милиони киловат-часови што претставуваат остварување на годишниот план за 43 отсто. Средниот дотек на вода во акумулацијата е 80 кубни метри во секунда, а моментно има резерва на вода за производство на 37 милиони киловат-часови.

Минатата година во овој значаен електроенергетски објект произведени беа 257 милиони киловат-часови и планот е остварен со 90 отсто.

Историски рекордно производство, од околу 500 милиони киловат-часови беше остварено во 2010 година, поради исклучително поволната хидрологија, која како што велат стручните лица, се случува еднаш на сто години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik